ПРЕЛИМИНАРНА ОДЛУКА: Мечот во Скадар ќе продолжи утре во 12.00 часот

Делегатот на натпреварот Албанија - Македонија, Збигњев Прземицки донесе одлука дека мечот во Скадар кој беше прекинат заради дожд, ќе се доигра утре од 12.00 часот на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар.

Постојат само уште два услови за одлуката да биде дефинитивна - да престане да врне и да има услови за игра во Скадар и ФИФА да ја потврди веста на делегатот.

Фудбалерите на Македонија вечерва остануваат во хотелот „Европа“ во Скадар.

НАДОПОЛНЕТО: Сепак, терминот е поместен за 14.00 часот »