ВИДЕО: Дефиниција за фудбалска пасија - Роналдо игра како „луд“ и кога сезоната е завршена

Роналдо

Изминатиот викенд заврши сезоната во Серија А во која Јувентус ја освои осмата титула во низа.

Кристијано Роналдо стигна до ново одличје во клупската кариера. И покрај тоа, големиот работник од Мадеира не мирува на тренинзите на „старата дама“.

На отворениот тренинг за фановите, португалскиот ас ја зеде топката и сам тргна кон голот. Откако посрамоти двајца соиграчи, постигна погодок и истиот бурно го прослави.

Уште еден доказ за желбата за докажување и пасијата кон фудбалската игра која што ја поседува Роналдо: