Дефанзивецот Стефан Наумчески го продолжи договорот со Брера Струмица

Управата на прволигашот Брера Струмица објави дека ја продолжила соработката со дефанзивецот Стефан Наумчески

Фудбалерот реши да го продолжи договорот со тимот каде настапуваше минатите две години, а во текот на претходната сезона одигра 17 натпревари во првенството и постигна еден гол. 

25-годишниот Наумчески претходно играше за Победа, Вардар и Тиквеш, со што „собра“ над 100 настапи во Првата македонска фудбалска лига.

Игра во дефанзивата, но важи за одличен техничар и креатор на голем број акции. Од Брера Струмица посакаа заеднички да остварат добри резултати во текот на претстојната сезона. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.