• Саше Љолес

Македонскиот второлигаш Пелистер се пофали со ново име во своите редови, а тоа е дефанзивецот Марко Стојилевски.
20-годишниот десен бек мина кратка етапа во екипата на Смедерево, а претходно ги бранеше боите на Брера од Струмица.
Во Пелистер се надеваат дека неговото присуство ќе ја збогати дефанзивната ротација, а тимот ќе се бори за висок пласман, односно експресно враќање во елитното фудбалско друштво.
„Зелено-белите“ ја започнаа сезоната со две ремија, а во следното коло ќе играат со екипата на Македонија ЃП во Скопје.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


