Дефанзивецот Гледи Мици ја заврши соработката со Струга Трим Лум

Албанскиот интернационалец Гледи Мици ја завршува својата авантура во македонскиот прволигаш, Струга Трим Лум, јави клупската управа. 

Мици пристигна крај езерото пред почетокот на минатата сезона од екипата на Тирана и во дресот на Струга одигра 28 натпревари во Првата македонска лига. 

Од клубот му се заблагодарија за неговиот ангажман и професионализам, посакувајќи му среќа во натамошниот дел од кариерата. 30-годишниот дефанзивец во минатото настапуваше уште за Приштина, Шкендија од Тетово, Скендербеу и Кукеси.