• Горан Упале

Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во тимот од Кавадарци е српскиот дефанзивец Никола Влајковиќ.
Станува збор за искусен и докажан стопер, кој добро го познава балканскиот фудбал и ќе претставува значајно засилување за составот на Тиквеш во претстојната сезона.
30-годишниот дефанзивец има искуство во македонскиот фудбал, бидејќи беше дел од тимот на Струга ТЛ, а последно настапуваше за Ботев Враца во Бугарија.
Тиквеш е на подготовки во Турција, каде што тестира уште неколку фудбалери кои се потенцијални засилувања за новата сезона.



