Дефанзивец на ПСВ Ајндховен го израмни рекордот на Роналд Куман

Дефанзивецот на ПСВ Ајндховен, Филип Мвене го израмни рекордот на легендарниот Роналд Куман. Десниот бек беше стрелец против Го Ахед Иглс и со тоа испиша историја. Мвене постигна гол на трет последователен натпревар и со тоа стана првиот одбранбен играч по Куман на кој тоа му успеа.

Интересно, Куман го постави рекордот во 1989 година во дресот на ПСВ Ајндховен, по што следеше преселба во Барселона.

Мвене ќе има можност да го собори рекордот дури на 16 јануари, кога неговиот тим ги продолжува натпреварите во холандскиот шампионат против Гронинген.