ВИДЕО: Дефанзивците го решија Нотингем, Сити ќе ја спасува сезоната во ФА Купот

Фудбалерите на Манчестер Сити се радуваа на победа над Нотингем Форест од 0-2 (0-1) во полуфиналеот на ФА Купот. Натпреварот на „Вембли“ го решија играчи со дефанзивни карактеристики со два погодоци на стартот на првото и второто полувреме. 

  • Извештај од натпреварот:

Само во втората минута од средбата „граѓаните“ стигнаа до гол за водство. Ковачиќ го проигра Рико Луис кој остана осамен и од 17-18 метри биеше прецизно матирајќи го противничкиот голман за 0-1. 

Резултатот не се менуваше до полувремето и на пауза се замина со минимално водство на Сити. Момците на Пеп Гвардиола стигнаа до нов погодок на стартот на продолжението. Јошко Гвардиол беше највисок во скокот по центаршутот на Омар Мармуш од корнер и реализира за 0-2 во 51. минута. 

До крајот на средбата Сити рутински го одбрани стекнатото водство и се избори за пласман во финалето на ова натпреварување. Таму веќе чека Кристал Палас кој вчера ја елиминира Астон Вила (3-0).