• Горан Упале


Навивачите на „Олд Фирм“ имаа можност да уживаат во текот на 2022 година, а најголемото шкотско и едно од најжешките светски дерби ќе започне во 2023 година. Во годината зад нас, гигантите од Глазгов се сретнаа четири пати во првенството, а Селтик славеше во три наврати (во септември дури со 4-0), додека еднаш беше нерешено (1-1). Тие одиграа и натпревар во полуфиналето на ФА Купот, па иако Келтите поведоа на „Хемпден Парк“, ривалот се радуваше по продолженијата.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Ренџерс - Селтик
Ренџерс потоа го освои тоа натпреварување, победувајќи го Хартс, исто така по продолженијата, и играше во финалето на Лига Европа и загуби од Ајнтрахт Франкфурт само на пенали. Од друга страна, Селтик ги освои другите два домашни трофеи, а во овој натпревар влегува како лидер на табелата.
Ниту еден од нив не се прослави во Лигата на шампионите – Ренџерс заедно со Плзен е единствената екипа која групната фаза ја заврши без ниту еден бод, а Селтик некако успеа да собере два (реми со Шахтјор Доњецк). Но, додека зелените играа сосема сигурно во првенството, нивните соседи забележаа неколку лоши партии, па сметката ја плати менаџерот Џовани ван Бронхорст, кој на клупата беше точно една година и три дена.
Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во ПЛ
Со неговиот наследник Мајкл Бил, Ренџерс имаше добри резултати, но, сепак, не блеска, па иако ќе има предност на домашен терен, се сомневаме во неговиот триумф. Ако сте склони кон ризици, обложете се на двојка (коефициентот секако вреди), но ако не сте, одлучете се за ГГ.