ВИДЕО: Дечињата од фондацијата на УЕФА одушевени од ѕвездите на Ливерпул

Дечињата со хендикеп вечно ќе го паметат вчерашниот тренинг на Ливерпул на „Водафон Арена„ во Истанбул. Тие не само што ги запознаа Салах, Ван Дајк, Клоп, туку дури и си играа, додаваа и се фотографираа со нив.

15-тина минути по завршувањето на тренингот, европските шампиони останаа на тревникот и изнудија насмевки кај најмладите. 

Французинката Фрапарт ќе го води натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу Ливерпул и Челзи вечерва во 21:00 часот.