Дечиќ менува тренер на пет дена пред мечот со Силекс во КЛ

Дечиќ направи тренерска смена неколку дена пред првиот натпревар во квалификациите за Конференциската лига против Силекс.

Клубот од Тузи објави дека ја прекинал соработката со Ненад Брновиќ, кој минатата сезона го предводеше тимот до трофеј во Купот на Црна Гора. На негово место се враќа Небојша Јандриќ, кој претходно веќе ја водеше екипата. Промената доаѓа само пет дена пред првиот меч со македонскиот претставник.

Официјално објаснување за разделбата нема, но според медиумите Брновиќ добил понуда од странство. Првиот натпревар меѓу Дечиќ и Силекс ќе се игра на 10 јули во Црна Гора, а реваншот е закажан една недела подоцна во Скопје.