ВИДЕО: Децата на Евертон саркастично му аплаудираа на Клоп и го налутија!

Евертон во големото англиско дерби против Ливерпул одигра без голови (0-0), со што им ја отежна задачата на „црвените“ околу посакуваната шампионска титула во Англија.

По натпреварот, Јирген Клоп беше револтиран затоа што неговиот тим не победи, а нервозата кај Германецот дополнително ја зголемија децата на Евертон, кои собираа топки на мечот.

По дуелот, тие саркастично му аплаудираа, додека заминуваше кон тунелот. Клоп застана до нив, нервозно ги гледаше, а во еден момент, размени и зборови со едно од дечињата до кое беше најблиску.