ВИДЕО: „Децата“ на Барселона подобро шутираа пенали за триумф над Сити

Фудбалерите на Барселона славеа во пријателскиот натпревар против Манчестер Сити со 4-1 (2-2), во рамките на американската турнеја и подготовките за следната сезона.Натпреварот на „Кампинг Ворлд Стадион“ во Орланди немаше победник по регуларното време, а потоа „децата“ на Барса подобро изведуваа пенали од ривалот. 

  • Извештај од натпреварот:

Од првата минута Гвардиола им даде шанса на Едерсон, Филипс, Гвардиол, Ковачиќ, Грилиш и Халанд, додека на спротивната страна немаше ниту еден првотимец, а најискусен во тимот беше повратникот Ленгле. 

Младите момчиња понудија интересно прво полувреме со три погодоци. Резултатот го отвори Пау Виктор по 24 минути игра, откако погоди по асистенција на Касадо. Израмнувачкиот гол беше дело на Нико Орајли, кој во 39. погоди за 1-1. Во судиското продолжение на првиот дел стрела и Пабло Торе, за нова каталонска предност. 

Вториот дел тргна со пет измени, а потоа по еден час игра Џек Грилиш израмни на 2-2. Следеа уште многу измени во дваат тима, Гвардиола внесуваше само младинци, додека Ханси Флик им даде шанса на Левандовски, Ромеу, Мартинез... 

Резултатски промени до крајот немаше, а тоа според договорените правила значеше пенали. За Барселона погодија Левандовски кој беше единствен искусен изведувач на двете страни, Дарвич, Балде и Фернандез, додека за Сити само Ахмед Фатах за конечни 4-1.