ВИДЕО: Деца, гледајте и учете – Стам и на 46 години е „ѕвер“ во одбрана

Холандскиот дефанзивец Јап Стам важеше за еден од најагресивните дефанзивци во фудбалот. Дека не ја изгубил страста за овој спорт, тоа тој го покажа на ревијалниот меч меѓу Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

Легендите на двете екипи одиграа средба како реприза на епското финале пред 20 години во ЛШ, а Стам беше дел од „ѓаволите“. Љубителите на фудбалот останаа со подзината уста кога видоа како тој се бори, иако има 46 години.

  • Потезите на Стам на мечот со Баерн Минхен:

Деца, гледајте и учете како се игра фудбал. Стам подели вистинска лекција за модерните фудбалски ѕвезди, како треба да се „гине“ за боите на клубот.