• Иван Димовски
Фудбалерите на Јувентус и Рома одиграа „празно“ реми (0-0) во рамките на третото коло на Серија А. Навивачите на „Алијанц Стадион“ во Торино не гледаа многу допадлив натпревар, бидејќи Тиаго Мота и Даниеле Де Роси тактички коректно ги поставија своите тимови.
- Јувентус - Рома 0-0:
Темпото на игра не беше многу силно, главно екипите играа на средината од игралиштето, а во првиот дел најзрелата шанса ја имаше Душан Влаховиќ. Неговиот удар го скроти голманот Миле Свилар, а на одмор се замина со почетниот резултат.
Веќе на полувремето Мота се обиде да освежи, во игра ги пушти засилувањата Теун Копмајнерс и Франциско Консеисао. Потоа во финишот шанса доби и Нико Гонзалез, па така сите новајлии дебитираа за Јувентус. Слично беше и кај Рома, Салемакерс беше стартер, а и Ману Коне доби шанса во последната третина од мечот. Тоа не ѝ помогна многу на играта, па мечот заврши без голови.
- Удинезе - Комо 1-0:
Во истиот термин победа запиша екипата на Удинезе со 1-0 против Комо. Човек на одлука во Удине беше Бренер кој погоди во 43. минута. Претходно во попладневниот термин Фиорентина со гол во 96. минута избегна пораз од Монца (2-2). Гостинот поведе со 0-2 преку Ѓуриќ и Малдини, а Кин намали пред паузата. Длабоко во судиското надополнување Робин Госенс донесе бод за тимот од „Артемио Франки“.
- Фиорентина - Монца 2-2:
Гостински триумф забележа екипата на Верона кај Џенова од 0-2 со головите на Чачуа и Тенгстедт во вториот дел.
- Џенова - Верона 0-2:
Со овие натпревари се спушти завесата на третото коло и сега следи репрезентативна пауза.