Дебитира Нико Ковач, Монако го почнува новиот проект по теркот на „Ред Бул“ групацијата

Французите се први, всушност и единствени, од најдобрите пет лиги во Европа кои го прекинаа шампионатот, а потоа го завршија на зелена маса. Затоа и први се вратија на големата сцена. А веќе во првото коло нè чека дуел на екипите на кои треба да посветиме посебно внимание во новата сезона, Монако и Ремс, иако во Лига 1 има многу интересни екипи.

Во паузата помеѓу двете сезони, кнезовите решија да започнат со реконструкција на клупската ДНК и да заборават на претходната сезона во која завршија како деветти. Роберто Морено е минато, тимот го презеде Нико Ковач, а на местото спортски директор пристигна Пол Мичек од „Ред Бул“ групацијата, сè со намера да се ископира начинот на работа на Салцбург и Лајпциг.

Значи, во следниот период Монако ќе се сврти кон млади и талентирани играчи на пазарот, за што сведочат и досегашните потези на трансфер пазарот. Засега, на „Луј Втори“ пристигна Аксел Дисаси (22), токму од Ремс, и Ентони Музаб (19), за вкупно 15,5 милиони евра, а претходно за 10 милиони се пресели Страхиња Павловиќ од Партизан.

Благодарение на одличната сезона и шестото место на табелата, Ремс за првпат по 57 години оваа сезона ќе игра на европска сцена. Одличните игри на дефанзивната линија - меѓу нив и голманот Предраг Рајковиќ, не поминаа незабележано. Трансферот на Дисаси за 13 милиони евра во Монако е рекорден во историјата на „црвено-белите“, а уште еден дефанзивец Хасан Камара замина во Ница. Меѓу бројните засилувања, најзвучно е името на Валон Бериша, кој пристигна од Лацио.

Бидејќи е почеток на сезоната, тешко може да се предвиди победникот, па затоа најдобро е да се свртиме кон традицијата. Таа вели – помалку од три гола по натпревар. Таков беше случајот на четирите од последните пет меѓусебни натпревари.