Деби за Лука Модриќ во кошмарното издание на Милан на „Стемфорд Бриџ“

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ конечно дебитираше во дресот на италијанскиот Милан. Новото засилување од Реал Мадрид го одигра целото второ полувреме на пријателскиот натпревар против Челзи, кој се одигра во Лондон на „Стемфорд Бриџ“. 

Присуството на Модриќ не им помогна многу на „росонерите“, кои немаа одговор за расположениот тим на Енцо Мареска

Лондонскиот премиерлигаш славеше со убедливи 4-1 и покажа дека во моментов е во далеку подобра форма од тимот на Масимилијано Алегри

Лука Модриќ летово премина во Милан како слободен играч од Реал Мадрид, каде претходно настапуваше тринаесет години и ги освои сите можни трофеи, како на клупски, така и на индивидуален план. 

ФОТО/PHOTO: AC Milan/Twitter/X