ВИДЕО: Деби со пораз за Војнески и Илиев во словачки Серед

Новата сезона во словачкиот шампионат започна со пораз на дебито за најмакедонската екипа во лигата, Серед. На гостувањето кај Спартак Трнава, екипата на македонскиот стратег Славчо Војнески и репрезентативниот голман Дејан Илиев дебитираше со пораз од 2-0.

Илиев беше совладан од Халиловиќ и Митреа од пенал, а „црвено-црните“ демонстрираа квалитет уште на стартот на словачката Фортуна лига. Серед бодови ќе мора да побара на некој друг терен сезонава.

  • Извештај од натпреварот: 

Очекувани гостински победи впишаа останатите кандидати за висок пласман Жилина и Слован Братислава.