Деби со победеносен гол во последната минута за Маневски во Косово

Искусниот македонски напаѓач, Борче Маневски со победоносен гол во судиското надополнување дебитираше за косовскиот Балкани.

Имено, битолчанецот со глава ја закова топката во мрежата на Лирија и на својот нов клуб му донесе значајни три бода на теренот на соседоти најголемиот ривал.

Маневски не можеше да посака подо ро деби за својот нов клуб, каде што дојде од Пелистер во летнито преоден рок.

Пред да се пресели во Косово, освен за неколку македонски прволигаши, Борче Маневски настапуваше во Полска, Србија, Малта и Тајланд.