• Горан Упале

Фудбалерите на Пелистер им се радуваат на првата победа во сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Во своето прво гостување сезонава „зелено-белите“ го освоија целиот плен против Македонија ЃП, откако славеа со минимални 0-1 (0-0).
На полувреме мрежите мируваа во Ѓорче, а поблиску до водство беа домаќините, кои не искористија две изгледни шанси за погодок. Во вториот дел ситуацијата се промени, поискусниот тим од Битола ја презеде иницијативата и тоа вроди со плод во 81. минута кога последното засилување Иван Ивановски беше прецизен од најстрога казна и на својот нов клуб му обезбеди премиерна победа сезонава. Домаќините беа лути на судијата и протестираа, сметајќи дека Христов симулираше, но одлуката не беше променета.
Така, пелистерци по двете домашни ремија со Кајмени и Брера, ги забележа првите три бода на своето конто.
Денеска се одигра уште три натпревари од третото коло во ВМФЛ. Во Кочани екипите на Осогово и Новаци одиграа без голови, додека Работнички со голот на Богдановски славеше минимална победа над Еуромилк од 1-0. Три бода освои и екипата на Брера, која на домашен терен го совлада тимот на Камјани со 2-1.



