ВИДЕО: Деби победа на Аморим на чело на Јунајтед, Хумелс донесе бод за Рома во Лондон

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед не дозволија нов кикс во Лига Европа и на „Олд Трафорд“ со 3-2 го совладаа составот на Бодо Глимт, во рамките од петтото коло во второто по ранг натпреварување на УЕФА. За „ѓаволите“ ова беше втор триумф на меѓународна сцена ова сезона, а деби на новиот стратег Рубен Аморим.

  • Манчестер Јунајтед - Бодо 3-2:

„Ѓаволите“ и на вториот натпревар под водство на новиот менаџер Рубин Аморим, противничката мрежа ја затресоа уште на самиот старт. Против Ипсвич во Премиер лигата, Маркус Рашфорд стрелаше по само две минути игра, додека вечерва Гарначо ја погоди целта во 49. секунда. Голманот на гостинскиот тим беше под притисок на Хојлунд и направи голема грешка, која аргентинскиот ас ја искористи и без проблеми ја погоди празната мрежа.

Но, шампионот на Норвешка брзо се консолидира и за само четири минути му зададе два удари на великанот и го презеде водството. На 1-1 израмни Евјен, додека пресвртот го комплетира Зинкернагел. Сепак, на полувреме се замина со егал резултат, откако Расмус Хојлунд со прекрасен погодок израмни на 2-2. Данскиот напаѓач своите голгетерски способности ги покажа и на стартот од вториот дел, кога на асистенција на Угарте по вторпат ја стресе противничката мрежа и ги постави конечните 3-2.

0

Возбудлив беше и натпреварот на вториот англиски претставник од вечерашната програма во Лига Европа. Тотенхем пред својата публика ја пречека Рома и во самиот финиш дозволи за дома да си замине со голем бод (2-2).

Англискиот гигант со голот на Сон во петтата минута поведе со 1-0, но Ндика експресно израмни. Тотенхем беше далеку подобриот ривал на теренот во првото полувреме, а тоа вроди со плод во 34. минута кога Џонсон ја врати домашната предност (2-1). Овој резултат беше активен до самиот финиш, поточно до 91. минута кога подзаборавениот Матс Хумелс ја стресе домашната мрежа и на својот тим му донесе голем бод (2-2).

Екипата на Глазгов Ренџерс приреди изненадување на гостувањето во Франција, откако против Ница славеше со убедливи 1-4. Францускиот тим ниту во петтиот натпревар не успеа да ја запише првата победа, додека Ренџерс со третата победа направи нов скок на табелата. 

Сигурна победа забележа и Реал Сосиедад кој со два гола во второто полувреме го совлада Ајакс со 2-0 и со тоа се врати на вистинскиот колосек во Лига Европа, по неочекуваниот пораз од Викторија Плзен во претходното коло.

Состави

Рубен Аморим

3-4-3

    Kjetil Knutsen

    4-3-3