• Горан Упале
Македонскиот офанзивец Кристијан Трапановски игра во врвна форма во дресот на Данди Јунајтед. Откако пристигна во шкотскиот клуб, поранешниот член на Шкупи постигнува голови на речиси секој натпревар на кој што ќе настапи, а така е и попладнево, во првото коло од новата сезона во Премиер лигата на Шкотска.
На своето деби во елитното натпреварување Трапановски по само тринаесет минути ја затресе мрежата на градскиот ривал Данди и донесе голема радост на трибините.
LimbsCam is back for 2024/25 pic.twitter.com/RVg9gt900b
— Dundee United FC (@dundeeunitedfc) August 4, 2024
За македонскиот фудбалер ова е четврти гол, откако пристигна во Данди Јунајтед, а прв во шкотскиот шампионат.