Деби од соништата: Миовски изнуди, па реализира пенал за деби-гол за Абердин (ВИДЕО)

Miovski

Македонскиот голгетер Бојан Миовски не можеше да посака подобро деби во дресот на Абердин.

На дуелот во Лига Купот против Раит, нашиот фудбалер доби шанса да реализира пенал уште во шестата минута. Фаулот за најстрогата казна беше направен токму над 23-годишниот македонски репрезентативец.

Миовски пристигна во Шкотска од екипата на МТК Будимпешта.