• Саше Љолес

Екипите на Интер и Милан одиграа интересен пријателски натпревар во австралискиот Перт, кој на крајот заврши со конечен резултат 1-1 (0-0).
- Извештај од натпреварот:
Кристијан Киву и Рубен Аморим им дадоа шанса на повеќе фудбалери, дебитантски настап за Милан имаше и Гонзало Рамос, а стрелци на головите беа Федерико Димарко и Кристофер Нкунку.
По здодевното прво полувреме, видовме малку поголема динамика во вторите 45 минути. Најпрво Интер го отвори резултатот преку Димарко, кој лесно ја погоди мрежата, а асистент беше Николо Барела.
„Нероаѕурите“ имаа водство од 53. минута, но Милан успеа да возврати со удар од белата точка, кој прецизно го реализираше Нкунку на шест минути до крајот на регуларното време. Фаулот во шеснаесетникот го направи Бразилецот Карлос Аугусто.
Двете екипи ги продолжуваат летните подготовки, по што ќе се насочат кон новите предизвици во италијанската Серија А, каде Интер ќе ја брани титулата освоена минатата сезона.











