ВИДЕО: Деби на Донарума, ПСЖ и без најдобрите не виде мака со Клермон

Францускиот фаворит Пари Сен Жермен иако со преполовен тим славеше над Клермон (4-0) и на ривалот му го нанесе првиот пораз по пет одиграни кола во француската Лига 1.

  • Извештај од натпреварот:

„Светците“ на Почетино очекувано не видоа мака против аутсајдерот на хартија, иако во составот немаше играчи како Лионел Меси, Нејмар, Анхел Ди Марија, кои добија поштеда поради квалификациите за СП 2022, како и Марко Верати и Серхио Рамос кои се повредени. На овој дуел дебитираше новиот голман Џанлуиџи Донарума кој во летниот преоден рок пристигна од Милан.

Шоуто на овој натпревар во првиот дел го украде Андер Ерера, кој заврши како двоен стрелец. Играчот од средниот ред погоди во 20. и 31. минута и донесе предност од 2-0 за „светците“ на паузата. Во второто полувреме печат на одличното издание на ПСЖ ставија Килијан Мбапе и Идриса Геје.

Очекувано, по четирите гола следеа измени. Најдобрите ја напуштија играта затоа што Почетино одлучи да штеди сили за настапот во Лигата на шампионите кој следи оваа седмица. ПСЖ остана перфектен и има 5/5 во Лига 1, додека Клермон е трети со две победи, две нерешени и еден пораз.

Состави

Кристоф Галтие

4-4-2

    Pascal Gastien

    4-4-2