ВИДЕО: Деби голот на Елмас под водство на Спалети

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас со погодок ги отвори подготовките на својот Наполи. Нашиот офанзивец по дополнителниот одмор поради обврските со Македонија на Европското првенство, денес го одигра првиот натпревар за Наполи под водство на новиот стратег Лучијано Спалети и веднаш се запиша во листата на стрелците. 

На дуелот против нисколигашот Баса Ауниа, Елмас погоди по само четири минути игра, а потоа неговите соиграчи до врв ја наполнија противничката мрежа и извојуваа убедлива победа од 12-0.

  • Голот на Елмас против Баса Ауниа:

Еден од најдобрите македонски репрезентативци не можеше да ужива во голема минутажа под водство на Џенаро Гатузо, но со оглед на филозифијата која што ја негува Спалети, се очекува оваа сезона да има важна улога во нападот на Наполи.