ВИДЕО: Деби гол за Кутињо, Баерн убедлив против очајниот Келн! 

По одличното отворање на Лигата на шампионите и убедливата победа над Црвена Звезда од 3-0, попладнево фудбалерите на Баерн Минхен продолжија во ист стил и моќен начин го совладаа тимот на Келн (4-0). 

  • Извештај од натпреварот: 

Овој триумф на Баварците во Бундеслигата доаѓа по неочекуваниот кикс на гости кај РБ Лајпциг во претходното коло и ремито од 1-1. Шампионот уште од самиот старт на мечот најави лесен триумф, откако по само три минути игра Левандовски погоди за 1-0. До крајот на првиот дел избраниците на Ковач имаа уште низа на шанси за поубедлива позитива, но на одмор се замина со активниот резултат. 

Сепак, во вторите 45 минути квалитетот на Баерн дојде до израз и на идентичен начин како во првите, Левандовски по само 180 секунди повторно погоди за 2-0. Во продолжение од пенал прецизен беше Кутињо, постигнувајќи го деби-голот за новиот тим, додека конечните 4-0 ги постави Перишиќ во 73. минута. 

Фудбалерите на Баер Леверкузен брзо го заборавија високиот пораз од Борусија Дортмунд пред една седмица и со сигурни 2-0 против Унион Берлин им се вратија на победите во домашниот шампионат. Стрелци на головите за „фармацевтите“ беа Воланд и Аларио уште во првиот дел од мечот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Од попладневната програма на Бундеслигата, три бода собра уште и екипата на Харта (победа над Аугсбург од 2-1), додека Фрајбург и Падерборн одиграа 1-1.