ВИДЕО: Деби гол за Костовски за реми на Етникос кај Докса! 

Јован Костовски, поранешниот македонски репрезентативец го забележа својот прв погодок во дресот на Етникос Ахна во кипарското првенство.

Во вториот натпревар во новиот дрес, 32-годишниот Костовски се најде на вистинско место и од пеналтикот го совлада противничкиот голман и го постигна едиствениот гол за Етникос во ремито со Докса. 

  • Голот на Костовски против Докса: 

По две одиграни кола во кипарскиот шампионат, Етникос е стациониран на третата позиција на табелата со скор од едно реми и една победа.