ВИДЕО: Деби-гол за Јовиќ во победата на Милан, Бенасер заигра по половина година

Фудбалерите на Милан се израдуваа на деветтата сезонска победа во рамките на 14. коло на Серија А, откако на „Сан Сиро“ го совладаа Фросиноне со 3-1 (1-0). Натпреварот во Милано го одбележаа неколку интересни моменти. Српскиот напаѓач Лука Јовиќ го даде својот деби-гол, а запиша и асистенција. Меѓу асистентите се запиша и голманот Мајк Мењон, додека кам-бек на терените имаше Исмаел Бенасер

  • Извештај од натпреварот:

Првиот дел мина во мирно темпо, проблемите со повреди кај „росонерите“ си зедоа данок и играта не беше многу убедлива. Првата голема шанса ја имаа по 35 минути игра, но од офсајд позиција статива погоди Јунус Муса. Резултатот беше отворен непосредно пред полувремето, со премиерниот погодок на Јовиќ за Милан. Србинот дочека одбиена топка и со волеј ја смести во мрежата за 1-0. 

Брзо на стартот на второто полувреме домаќинот ја удвои позитивата, откако Кристијан Пулишиќ даде атрактивен гол за 2-0 во 50. минута. Американецот доби топка од голманот Мењон, добро се снајде и го лобува противничкиот чувар на мрежата. Во продолжението Пиоли направи неколку измени, Фросиноне се обиде да се наметне и не успеа во целост. Третиот погодок за потврда на победата беше дело на дефанзивецот Фикајо Томори, кој по асистенција од Јовиќ во 74. минута зголеми на 3-0. 

До крајот на натпреварот детето на Милан, Марко Брешанини беше стрелец на почесниот погодок за екипата на Еузебио ди Франческо. Тој погоди директно од слободен удар од голема далечина и откосо, откако дефанзивците и Мењон беа во конфузија. Со овој гол Брешанини ги постави конечните 3-1. 

Состави

Стефано Пиоли

4-3-3

    Еузебио Ди Франческо

    4-2-3-1