Деби гол за Чурлинов, Беласица со победа над Кожув го стартуваше подготовките

Старо-новиот член на Втората македонска фудбалска лига-Исток, Беласица, со победа ги стартуваше подготовките за следната сезона. 

На СЦ „Истатов“ во Нов Дојран, каде фудбалерите на Беласица престојуваат на подготовки го одиграа и првиот контролен натпревар, на кој со минимални 1-0 триумфираа над тимот на Кожуф.

Стрелец на победничкиот гол беше новодојденецот Цветан Чурлинов, кој на асистенција на младиот Зоран Ивановски го постигна својот деби гол во синиот дрес.