ВИДЕО: Деби-гол на Вегхорст, Јунајтед пред портите на финалето во Лига Купот

Екипата на Манчестер Јунајтед ја оправда фаворитската улога и со победа на гостувањето кај Нотингем Форест (0-3) зачекори кон финалето во англискиот Лига Куп, натпреварување во кое чека трофеј од 2017 година.

„Шумарите“ им парираа на „ѓаволите“, а се можеше да биде поинаку ако ВАР не им поништеше гол во 23. минута. Во мрежата на гостинот од Манчестер погоди Сариџ, меѓутоа судиите по прегледување на снимката оценија дека играчот бил во недозволена позиција.

Инаку, првиот гол за Манчестер Јунајтед го постигна Маркус Рашфорд во 6. минута по асистенција на Касемиро откако претрча цел терен и така ја продолжи страшната форма во црвениот дрес. Печат на победата стави новото засилување Вут Вегхорст со голот-првенец во Манчестер Јунајтед, додека се играше 45. минута, по една одбиена топка.

Во вториот дел Тен Хаг штедеше сила кај играчите, меѓутоа победата не беше доведена под знак прашалник. Точка на триумфот на Манчестер Јунајтед пред самиот финиш стави португалскиот плејмејкер Бруно Фернандеш.

  • Извештај од натпреварот: 

Манчестер Јунајтед е близу до финале со Њукасл, кој во првата средба со 1-0 го победи Саутемптон. Во Лига Купот има реванш.

Состави

Стив Купер

4-4-2

    Ерик тен Хаг

    4-3-3