ВИДЕО: Деби гол на Диабате, Вардар лесно го мина Овче Поле

Екипата на Вардар си ја оствари фаворитската улога и со висока победа над Овче Поле (5-0) се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија.

Пред очите на новиот тренер Божовиќ, црвено-црните одиграа очекувано добар натпревар и се пласираа меѓу шеснаесетте најдобри кои допрва ќе се комплетираат со останатите натпревари.

Резултатот се отвори во 35. минута, кога новото засилување Диабате постигна гол со глава по еден корнер, а останатите погодоци пристигнаа во второто полувреме. Стрелец на два од трите гола беше капитенот Азер Омерагиќ, додека во листата на стрелците се запишаа и Едиз Спахиу и Бобан Николов.

Покрај Вардар, пласман во следната рунда на Купот на Македонија досега обезбедија и Пелистер, Брера Струмица, Македонија ЃП и Струга Трим Љум, а првото коло го скокна и бранителот на трофејот Силекс.