ВИДЕО: Деби гол на 17-годишникот Мукоко, епски пресврт на Дортмунд

Екипата на Борусија Дортмунд успешно го отвори новото коло со Бундеслигата, со победа на гостински терен кај Фрајбург (1-3), за „два од два“ на стартот на новата сезона во германската фудбалска елита.

„Милионерите“ имаа лошо прво полувреме во кое му дозволија на Фрајбург да биде подобар. Со голот на Грегорич во 35. минута домашниот тим имаше позитива на паузата (1-0), но во вториот дел Дортмунд ги казни сите грешки и покажа дека е подобар противник.

  • Извештај од натпреварот:

Епски пресврт во десет минути режираа играчите на Терзиќ. Се до 77. минута гостите губеа од Фрајбург, а разликата ја направи тинејџерот Мукоко. Прво, младиот 17-годишник асистира до Биное-Гитенс кој погоди за 1-1 по катастрофален потег на домашниот голман во 77. минута, а во 84. минута тој погоди за 1-2. Се играше 87. минута кога Волф ги постави конечните 1-3.

За Дортмунд ова е втора победа сезонава, а Фрајбург го доживеа првиот пораз.

Состави

Christian Streich

4-2-3-1