ВИДЕО: ДЕБАКЛ на Шкендија на „Сан Сиро“, Милан води со 3-0 по половина час игра!

Милан водство

Милан покажува дека сепак е недостижен за екипата на Шкендија и поведе со 3-0 по само половина час игра.

Захов по вторпат ја вадеше топката од својата мрежа по слободниот удар на Сусо, кој го одбрани, но не можеше да направи ништо по ударот од одбиената топка на Монтоливо.

Неколку моменти подоцна, Андре Силва го постигна својот втор погодок и зголеми на 3-0. Португалецот одново ја надигра целата обрана на Шкендија и го доби дуелот со голманот Захов.