Дебакл на пријателски меч: Калчолигаш прими ДЕСЕТ гола од Борнмут!

Џенова го претрпе најтешкиот пораз во текот на летните подготовки, откако загуби со неверојатни 10-1 од Бормут на контролен натпревар одигран зад затворени врати во тренинг-центарот на англискиот клуб.

По договор меѓу двата клуба, мечот траеше 120 минути и беше поделен на четири периоди од по 30 минути. Во првиот час тимот на Даниеле Де Роси прими четири гола, а единствениот погодок за Џенова го постигна Микаел Ејлертсон. Во вториот дел, во кој шанса добија претежно младинци, Бормут додаде уште шест гола за конечни 10-1.

Иако англискиот тим минатата сезона заврши на шестото место во Премиер лигата и обезбеди пласман во Лигата на Европа, резултатот претставува сериозен удар за италијанскиот прволигаш. За Џенова ова беше прв пораз во подготвителниот период, а Де Роси ќе мора брзо да ги анализира причините за убедливиот дебакл пред следниот тест против Депортиво Ла Коруња.