ВИДЕО: Дебакл на Мота и Јуве во Фиренца, „старата дама“ врза два порази по ред

Фудбалерите на Фиорентина убедливо со 3-0 (2-0) го совладаа Јувентус во натпреварот од 29. коло на Серија А. Ова е втор последователен пораз за „старата дама“, по оној во Торино минатиот викенд против Аталанта (0-4). Засилено се ниша клупата на Тиаго Мота, а најтрофејниот италијански клуб се соочува со битка за влез во Лигата на шампионите следната сезона. 

„Виолетовите“ ги поразија црно-белите во рок од четири минути од првото полувреме на радост на навивачите на „Артемио Франки“. Робин Госенс ​ во 15. минута по корнер и мешаница го отвори резултатот, а Роландо Мандрагора погоди три минути подоцна по асистенцијата на Николо Фаљоли.

Јуве не успеа да се врати од лошиот старт, а победникот дефинитивно го реши Алберт Гудмундсон во 53. минута со прецизен удар од далечина.

  • Извештај од натпреварот:

Фиорентина сега е осма на табелата со 48 бода додека Јувентус остана петти со 52 бода.