• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Олимпик Марсеј убедливо со 5-1 (1-0) го совладаа последнопласираниот Монпелје и со тоа се искачија на второто место, искористувајќи го нерешениот резултат меѓу Монако и Стразбур во дербито од 30. коло во францускиот шампионат.
Избраниците на Роберто де Зерби воспоставија доминација на теренот од почетокот на мечот против веројатно најслабата екипа во лигата, а во деветтата минута поведоа со голот од пенал на Мејсон Гринвуд. Се испостави дека тоа беше се што направија домашните во првото полувреме.
Сепак, продолжението на натпреварот донесе нешто пожива игра на домаќините. Победникот беше одлучен по еден час игра, кога домашните го удвоија водството на 2-0 преку Аимин Гуири. Седум минути подоцна Гринвуд го постигна третиот гол за Олимпик Марсеј, а до крајот се поставуваше само прашањето со која разлика натпреварот ќе заврши во корист на домашните.
Домашните не застанаа ниту со три гола предност, а постигнаа уште еден гол кон крајот на мечот кога Џонатан Роу наиде на навремениот центаршут на Гарсија и рутински ја смести топката во мрежата во 74. минута. До крајот на натпреварот мрежата се затресе уште два пати. Први тоа го направија гостинските фудбалери кои постигнаа утешен гол во 83. минута преку Лукас Минкарели, со што се доби лажен впечаток дека Монпеље е рамноправен ривал во секој сегмент. Адриен Рабио во финишотѕ ги постави финалните 5-1.