• Мартин Танасковски
Шест најдобри репрезентации од Јужна Америка обезбедуваат директен пласман на Светското првенство 2026, кое првпат ќе се игра со 48 селекции, а меѓу нив нема да биде култниот тим на Чиле.
Чилеанците и овојпат ќе бидат надвор од најголемата фудбалска сцена, откако поранешниот шампион на Копа Америка, кој не така одамна важеше за една од најдоминантните селекции на континентот, претрпе пораз од Боливија (0-2) и со тоа остана закован на дното од табелата.
Со овој резултат, Чиле го пропушта третиот Мундијал по ред, а селекторот Рикардо Гарека логично и очекувано си поднесе оставка по серијата разочарувачки резултати.
- Ивзештај од натпреварот:
Од Јужна Америка досега четири селекции имаат настап на Светското првенство, тоа се Аргентина, Бразил, Еквадор и Уругвај. Парагвај е многу близу да се чекира на настанот, а за шестото место и седмото кое води во баражот играат Колумбија, Венецуела и Боливија.
ФОТО: Selección Chilena / Facebook