ВИДЕО: Дебакл на Бешикташ во Сива, гостински триумф за Аланијаспор

Двата последни шампиони на Турција, Бешикташ и Галатасарај претрпеа порази во премиерното коло на турската Суперлига. Ако во петокот првакот Галатасарај на Фатих Терим загуби со два примени гола во финишот во Денизли, уште полошо мина Бешикташ во Сива.

Сиваспор извојува победа против „бело-црните“ со 3-0 со головите на Јандас, Јатарабе и Килинч. Кашимпаша и Трабзонспор играа без победник (1-1), Анталијаспор славеше во Гезтепе, а нашиот Јаховиќ вгради прекрасен гол во победата од 3-0 на Маталијаспор против вицешампионот Истанбул Башакшехир.

  • Сиваспор - Бешикташ 3-0: 

  • Кајзериспор - Аланијаспор 0-1: 

Колото в понеделник го затвораат Фенербахче и Газиантеп.