• Сашо Поповски

Бешикташ киксна кај нискорангираниот Кајзериспор (3-1) и пропушти можност да го прескокне Галатасарај на четвртата позиција на табелата во турската Супер Лига.
Домаќинот долго време имаше минимална предност, која ја стекна по една грешка на противникот. Истата ја казни Акар со рутинска завршница во 51. минута.
- Извештај од натпреварот:
Фаворитот тргна во целосна иницијатива и успеа да се врати во игра. Хачинсон ја следеше долгата акција и одговори со реализација, по одличната асистенција на Боатенг на 15 минути до крајот. Се чинеше дека пресвртот е блиску, но Кајзериспор не се откажа и погоди за големи три бода во борбата за опстанок.
Херој беше Акар кој го матираше голманот Дестаноглу со прекрасен гол од слободен удар. Тоа беше момент кој го одлучи натпреварот и донесе голема радост за домашните фудбалери.
За да нема никакви дилеми се погрижи Кравец кој искористи една контра и рутински погоди за 3-1.