• Иван Димовски
Олимпик Марсеј падна во резултатска криза, навивачите се видно незадоволни, а последна капка на чашата која се прелева беше домашниот пораз од аутсајдерот Оксер (1-3).
Оваа сезона на клупата на клубот од „Велодром“ седна Роберто де Зерби, а по последниот неуспех Италијанецот понуди дека е подготвен да загуби ако се смета дека тој е проблемот.
„Немојте да ми зборувате за второ, трето или четврто место. Живеам за амбиции кои го надминуваат фудбалот како игра. Затоа, ако е проблемот во мене, подготвен сум да си заминам. Не ме интересираат парите, тоа што барам е да бидам задоволен со тоа што го работам. Ако кажам дека одговорноста е моја, тоа е затоа што така чувствувам“, изјави Де Зерби.
И покрај поразот Марсеј е второпласиран на табелата, меѓутоа веќе заостанува шест бода зад ПСЖ.