Де Зерби на играчите им го покажал договорот од Јунајтед: „Ја избрав страста, пред парите!“

Во последните неколку сезони Роберто де Зерби е хит меѓу тренерите во европскиот фудбал. Италијанецот направи револуција во Брајтон, но летово направи изненадувачки трансфер и се пресели во Олимпик Марсеј. Летово на неговата адреса пристигнаа неколку понуди, но одбра да замине на „Велодром“. 

Францускиот медиум „Л'Екип“ открива дека Де Зерби се обиде на посебен начин да ги мотивира своите играчи и по домашниот пораз од Оксер (3-1) минатиот петок, на проекторот ја покажал понудата која што ја добил од Манчестер Јунајтед.

Притоа им порача на играчите: „Можев да бидам тука, но ја ставив страста пред парите. Дојдов во Марсеј поради страст“. 

Во текот на својата кариера, Де Зерби ги водеше Дарфо Боарио, Фоџа, Палермо, Беневенто, Сасуоло, Шахтјор Доњецк и Брајтон.