Де Зерби: Му се заблагодарив на Бентанкур, покажавме карактер на „Олд Трафорд“

Роберто Де Зерби изненади со реакцијата по црвениот картон на Родриго Бентанкур на натпреварот против Манчестер Јунајтед (1-1). Иако неговиот фудбалер го остави Тотенхем со играч помалку, италијанскиот стратег откри дека во соблекувалната го бакнал и му се заблагодарил.

Тотенхем одигра нерешеноо на „Олд Трафорд“, откако Доминик Соланке со гол во судиското продолжение му донесе бод на гостинскиот тим. Бентанкур беше исклучен по инцидентот со Лук Шо, но лондонскиот состав покажа карактер и успеа да избегне пораз и покрај играчот помалку.

„Го бакнав Родриго и му реков благодарам. Јасно е дека направи грешка, бидејќи таквата реакција не е исправна во фудбалот. Но, Тотенхем мораше да реагира“, изјави Де Зерби.

Тренерот објасни дека неговите фудбалери по исклучувањето заиграле со поголема храброст и енергија, што на крајот им овозможило да се вратат во натпреварот.

„Со играч помалку можеби покажавме повеќе храброст, повеќе енергија и го променивме текот на натпреварот. Тотенхем долго време играше без ваква борбеност и карактер. Јас сум тренер и сакам да го гледам овој карактер на секој натпревар“, порача италијанскиот стратег.

Де Зерби беше задоволен и од целокупното издание на својата екипа, нагласувајќи дека за првпат оваа сезона видел вистинско заедништво меѓу фудбалерите.

„Денеска покажавме дека сме тим. Игравме еден за друг, верувавме до крај и се боревме заедно“, истакна тренерот на Тотенхем.

И покрај освоениот бод, лондонскиот клуб останува во тешка ситуација на почетокот на сезоната. Де Зерби смета дека ваквиот пристап мора да стане правило, а не исклучок, ако Тотенхем сака да почне да бележи подобри резултати во продолжението од првенството.