• Горан Упале
Олимпик од Марсеј продолжува со забрзано темпо да го засилува својот ростер, главно од Премиер лигата. По Мејсон Гринвуд (Манчестер Јунајтед) и Пјер-Емил Хојбјерг (Тотенхем), наскоро култниот дрес би требало да го облече и напаѓачот на Арсенал, Еди Нкетиа.
Поранешниот член на академиите на Челзи и Арсенал не е во првите редови на агендата на менаџерот Микел Артета и е пред заминување од „Емирати“ по седум сезони. Иако Арсенал се обиде да го пренасочи кон Кристал Палас, 25-годишниот напаѓач е голема желба на новиот тренер на тимот од Марсеј, Роберто де Зерби.
Италијанскиот стручњак го гледа во тимот како идеална замена за Пјер-Емерик Обамејанг, кој го напушти клубот и се упати на далечниот Исток. Нкетиа има важечки договор со топчиите“ до јуни 2027 година, а цената за обештетување би можела да изнесува околу 35 милиони евра. Клубовите се во напредни преговори, ќе видиме каков ќе биде исходот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.