• Зоран Мишевски
Откако во минатото беше блиску до клубови во Шпанија и Италија, данскиот фудбалер за врска Пјер-Емил Хојберг сега е пред потпис со клуб од Франција.
28-годишниот играч од средниот ред на Тотенхем кариерата ќе ја продолжи во Олимпик Марсеј, објавија француските медиуми. Поранешниот европски првак и тренерот Де Зерби постигнале договор со „петлите“ да го доведат данскиот интернационалец на позајмица, а на крајот од сезоната ќе мора да ги откупи неговите права за 15 милиони евра.
Играчот од средниот ред ќе потпише четиригодишен договор со екипата од „Велодром“. Олимпик Марсеј сериозно беше во потера по искусен играч од средниот ред и се чини дека одлуката падна на Хојберг, кој не успеа да се избори за место во тимот на лондончани.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.