• Зоран Мишевски

Михајло Мудрик е нов член на Тотенхем, откако клубот официјално го потврди неговиот трансфер од Челзи. Украинскиот офанзивец пристигнува во северен Лондон на едногодишна позајмица до крајот на сезоната, со вклучена опција за целосен откуп на договорот во летото 2027 година за 75 милиони фунти.
Менаџерот на Тотенхем, Роберто де Зерби, беше клучниот фактор за овој трансфер. Тој веќе работеше со Мудрик во Шахтјор Доњецк и лично инсистираше на неговото ангажирање за да му ја оживее кариерата. Овој трансфер се смета за голем ризик бидејќи 25-годишниот фудбалер нема одиграно официјален натпреварувачки меч од ноември 2024 година, поради суспензија поврзана со допинг која беше решена и укината во јули оваа година.
Тотенхем се сврте кон Мудрик во последните денови од преодниот рок откако претходно им пропаднаа зделките за Коди Гакпо од Ливерпул и Илиман Ндиаје, кој заврши во Манчестер Сити. Покрај Мудрик, Тотенхем во истиот последен ден од преодниот рок го ангажираше и дефанзивецот Тосин Адарабиојо од Челси.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.






