• Саше Љолес
Холандскиот репрезентативец и долгогодишен дефанзивец на Интер, Стефан де Вриј, е на чекор од трансфер во грчкиот гигант Панатинаикос.
Според најновите информации, Де Вриј постигнал договор со клубот од Атина и кариерата ќе ја продолжи во Грција како слободен играч по истекот на договорот со Интер. Се очекува дефанзивецот да потпише двегодишен договор, а остануваат уште медицинските прегледи и официјалната потврда на трансферот.
34-годишниот стопер помина осум сезони во Интер, каде освои титули во Серија А, национални купови и играше во две финалиња на Лигата на шампионите. Неговото заминување се смета за дел од реконструкцијата на одбраната на миланскиот клуб.
За Панатинаикос ова би било едно од најзвучните засилувања во последните години. Клубот сака да формира тим способен за борба за титулата во Грција и за успешен настап во европските натпреварувања, а искуството на Де Вриј се смета за клучно во тие планови.

