• Горан Упале

Останаа уште три кола до крајот на фудбалското првенство на Холандија, но таму шампионската трка одамна е решена. ПСВ Ајндховен се прошета до титулата, веќе неколку недели игра крајно растеретено. Последната важна задача што ќе ја имаат избраниците на Петер Бош до крајот на оваа сезона е наредната сабота од 20:00 часот да го победат и, по можност да го понижат, својот најголем ривал Ајакс во рамките на 32. коло од Ередивизие.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Ајакс - ПСВ
За ПСВ ова навистина резултатски не е важен дерби дуел, но за Ајакс од него во голема мера зависи блиската иднина. Не само тоа дали следната сезона ќе учествува во Лигата на шампионите и во Европа воопшто, туку и понатаму проекцијата на буџетот за наредната година или неколку сезони. Ајакс не е толку богат клуб за да има луксуз незабележливо да му помине сезона без меѓународни натпреварувања.
Дека „копјаниците“ се за класа послаби од ПСВ оваа сезона – се. Имаат помалку од 50 проценти победи во Ередивизија (14 од 31 натпревар), па се дури четврти на табелата. Второпласираниот Феенорд и местото кое води директно во елитното натпреварување се оддалечени четири бода, па за амстердамскиот великан практично идеално сценарио е да го престигне третопласираниот НЕЦ (има бод повеќе) и да обезбеди квалификации за Лигата на шампионите, во кои ако загуби барем има пласман во Лигата на Европа како утеха.
Ако остане четврти, Ајакс ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа. Ако пак биде петти, ќе мора да помине низ вистински пекол, бараж против тимови до деветтото место само за шанса да игра квалификации за Конференциската лига. До крајот на првенството Ајакс ќе игра уште со Утрехт во Амстердам и Херенвен на гости. За секој бод ќе мора добро да се помачи.
Првиот „Де Топер“ оваа сезона, одигран во средината на септември во Ајндховен, заврши со 2-2. Тоа беше дури 35-то реми во историјата на дуелите на Ајакс и ПСВ. „Копјаниците“ имаат 83, а „Филипсовците“ 70 победи.



