ВИДЕО: Де Роси погоди на дебито, Бока сензационално елиминирана од Купот на Аргентина

Италијанскиот ветеран Даниеле Де Роси дебитираше со гол, но и со изненадувачка елиминација на Бока Јуниорс од Алмагро од Купот на Аргентина. Некогашниот капитен на Рома постигна гол за водство со глава, но по една груба грешка на одбраната и голманот, Бока прими гол и натпреварот беше решен во пенал-рулетот. Таму повеќе среќа имаше тимот на Алмагро.

  • Натпреварот на Даниеле Де Роси: 

  • Пенал-серијата на натпреварот Бока Јуниорс - Алмагро: 

Главната цела на Бока е освојување на Копа Либертадорес, натпреварување во кое „жолто-сините“ стигнаа до четвртфиналето.