Де Роси го посети шведскиот автобус и се извини за свирежите на химната од страна на италијанските навивачи

Де Роси и Шведск

Џанлуиџи Буфон не беше единствениот фудбалер, кој се погрижи да се сочува честа на италијанскиот фудбал, откако навивачите на реваншот во Милано ја исвиркаа химната на Шведска.

Искусниот Даниеле де Роси по натпреварот го посети автобусот на Швеѓаните за да им се извини поради недоличното однесување на фановите на „Сан Сиро“ и да им го честита пласманот на Светското првенство во Русија.

Од таборот на шведската репрезентација беа одушевени од овој гест на членот на Рома, кој ги остави без зборови и им приреди ретко видено изненадување во нивните кариери.

Де Роси беше во центарот на вниманието на мечот, кога одби да стане да се загрева и побара од помошникот на Вентура да внесе напаѓачи.